Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Туше Петар Делииванов

Роден е во Кукуш (денес Килкис), на 13 октомври 1869 година. По завршувањето на Солунската егзархиска гимназија во 1887 година, бил учител во Кукуш. Во 1894/1895 година учителствувал во Штип, заедно со Г.Делчев кој го примил за член на ВМОРО. Летото 1895 година заминал за Кукуш, каде станал учител и претседател на Кукушкиот револуционерен комитет.

Во почетокот на 1898 година го напушта Кукуш и со помош на Охридско-преспанскиот митрополит Методиј се засолнува во Битолскиот вилает. Во 1900 година тој повторно се враќа во Кукуш,  и застанува на чело на месниот комитет на ВМОРО.

По провалата во Солун во јануари 1901 година, е заробен од Турците. Успеал да побегне и се засолнил во четата на Х.Чернопеев. На 4 февруари 1901 година, во борба со турскиот аскер загинале седум четници по што се повлекуваат во Бугарија.

Во Бугарија му се придружува на Г.Делчев во борбата против врховистите. Таа борба е особено е засилена по победата на цончевистите на 9-иот конгрес на Врховниот комитет кои бараат отстранување на Г.Делчев и Ѓ.Петров од Бугарија. На 23 октомври 1901 година, заедно со Д.Стефанов е назмачен за задграничен претставник на ВМОРО. На 14 декември 1901 година ги известуваат македонските друштва дека ВМОРО ги прекинува сите контакти со ВМОК.

По Младотурската револуција се вратил во Кукуш и станал член на Народната федеративна партија. Во 1909 година се вратил во Бугарија

По Првата светска војна е член на Привременото претставништво на бившата ВМРО.
Во септември 1944 година бил потписник на „Апелот до Македонците во Бугарија“.

Умира на 14 јануари 1950 година во Софија.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik